(Видео) Бакнежот со Марадона му донесе среќа на Тевез

Фудбалерот на Бока јуниорс, Карлос Тевез, пред натпреварот со Химназија Ла Палта, во аргентинското првенство, го бакна во уста тренерот и легендарен фудбалер Диего Армандо Марадона, кој седеше на клупата и го водеше противничкиот тим.

Популарниот Карлито вели дека бакнежот со Марадона му донесе среќа и со неговиот погодок во 73. минута, му ја обезбеди на својот тим титулата на „Ла Бомбоњера“.

„Знаев дека морам да го бакнам Диего. Тоа ми доносе среќа, а понекогаш мораш да ја побараш среќата“, изјавил Тевез пред новинарите.

Покрај победата врз тимот на Марадона, Бока јуниорс стигна до титулата благодарение и на киксот на нивниот најголем ривал, Ривер Плата, кој го направи кај Атлетико.

Карлоз Тевез во кариерата бил ѕвезда на неколку врвни клубови Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Јувентус, но никогаш не криел дека неговата единствена фудбалска љубов е Бока јуниорс.

Scroll to Top