(Видео) Бебе ползи преку прометна улица

На интернет се појави вознемирувачка снимка од автопатот во Виетнам, на кој се гледа како бебе ползи сред пат. Снимката е направена во виетнамската провинција Кванг Нињ. На неа се гледа како возачот наеднаш застанува бидејќи наишол на камион што застанал во другата лента. Возачот на камионот ја испружил раката од кабината во обид да го запре возачот на автомобилот.

Детето благодарение на присебноста на возачите поминало без повреди. Кога детето ги исползило двете коловозни ленти, од левата страна на патот дошла жена која ја прескокнала оградата меѓу лентите и го земала бебето во раце. Уште не се знае како бебето стигнало само до патот.

Scroll to Top