(Видео) Бенкси повторно провоцира: На ѕид од затвор наслика затвореник во бегство

By

Мистериозниот графити уметник, Бенкси, потврди дека делото што се појави на ѕидот на затворот во Ридинг е негово.

Делото прикажува затвореник како се спушта по јаже направено од постелнини, врзано за машина за пишување. Тоа се појави по кампањата, која лобира некогашниот затвор да биде претворен во уметнички центар.

Дека тој е автор на ова дело, Бенкси потврди на својот „Инстаграм“ профил, со кратко видео, во кое може да се види како го сторил сето тоа.

Многумина во коментарите изјавија дека Бенкси се надмина себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banksy (@banksy)

„Свесни сме дека Бенкси ја презеде одговорноста за графитот. Ги разгледуваме следните чекори и ќе известиме за нив“, соопшти министерството за правда, кое се наоѓа под притисок на градските власти да го пренамени затворот во културно-уметнички комплекс.

Затворот има и историска вредност бидејќи е овековечен во поемата „Балада за Рединг Гаол“ на Оскар Вајлд, кој бил затворен тука од 1895 до 1897 година. Владата го продава затворот од 2019 година.

Ќе ви се допадне

Hori-san to Miyamura-kun Episode 4 at website https://animefreak.ws sites like animefreak

Gintama Episode 201 at GoGoAnime seven deadly sins gogoanime

4Anime