(Видео) Битолчанка победи во австралиското шоу „Ерген“

Ирена Србиновска од Битола победи во австралиското реално шоу „Ерген“ кога Локлан Гилберт, ергенот кој преку шоуто бараше сопруга, ја избра меѓу десет девојки натпреварувачки. Тој во финалето избираше меѓу неа и девојката од Грција, Бела, но ја избра Ирена за идна сопруга.

Ирена живее во Мелбурн, има 31 година и е медицинска сестра.

„Ирена, знам дека ќе бидеш прекрасна девојка, жена, мајка, ти си цел пакет. Едвај чекам да го почнеме заедничкиот живот заедно, да го пропатуваме целиот живот заедно и да ти ги исполнам сите желби. Те сакам многу,“ ѝ рече Локлан кога откри дека таа е нејзиниот избор.

„Ме правиш многу среќна, уште првиот пат кога те видов можев да се замислам овде со тебе“, му одговори таа.

Ова е вторпат девојка со македонско потекло да победи во шоуто „Ерген“, Претхдно, Сем Вуд ја избра Снежана Маркоска, која е по потекло од Охрид, а со семејството живее во Перт.

Scroll to Top