(Видео) Борис Џонсон брише со џогер

By

Британскиот премиер Борис Џонсон за време на една од посетa во Дербишир, место во Велика Британија, кое беше погодено од поплавите, во една од продавниците се фати за џогер и почна да ја брише водата од подот.

Тој истакна дека луѓето мораат да разберат дека на овие места често се случува да има поплави и дека треба да се навикнат на тоа.

„Луѓето мораат да се соочат со реалноста и да разберат дека на ваквите места често се случува да има поплави. Ќе ги има и во иднина“, изјавил Џонсон.

Тој додал дека најновите поплави не се на ниво на општа вонредна состојба и дека причината лежи најверојатно во климатските промени. Тој потсетил дека владата издвоила повеќе од милијарда фунти за одбрана од поплавите и за зголемена заштита на населението.

Ќе ви се допадне