(Видео) Британец освои 105 милиони евра на лотарија

Британецот Стив Томпсон го освои џекпотот во вистина од 105 милиони евра на државната лотарија, пишуваат британските медиуми. Досега неговиот идентитет не беше објавен во јавноста. Стив со неговата сопруга и три деца живее во Селси. Работи како градежник, а вели дека случајно дознал дека станал милионер.

„Почнав да се тресам. Знаев дека се работи за голема добивка. Бев на граница да доживеам срцев удар“, веи Стив.

Тој открива дека немало да обрне внимание на тикетот, ако неговиот колега не задоцнел на работа. Кога сватил дека ги погодил сите седум бројки, добил желба да тропа на вратите на сите комшии и да им се пофали.

„Во тој момент не знаев што да правам. Знаев дека се работи за голема добивка. Почнав да шетам низ домот, влегував и излегував внатре надвор. Се шетав до моето комбе и пак ќе се вратев. Сакав да им се пофалам на сите“, раскажува Стив.

Британскиот градежник вели дека добивката нема да го спречи да продолжи со работата и вети дека на сите негови клиенти до Божиќ ќе им ги заврши договорените уредувања на становите.

„Сите работи кои ги имам договорено до Божиќ ќе ги завршам. Ќе се однесувам како ништо да не се случило. И така не планирам да седам, затоа што не сум тип кој сака да одмора. Мојот деловен партнер знае дека секогаш може да смета на мојата помош“, вели Стив.

Тој со неговото семејство живее во мала куќа, а откако дознаа за добивката, веќе почнаа да бараат нов дом.

„За нас ова е голема работа. Сепак ќе останеме во ова маало, затоа што ни се допаѓа. Ќе им помогне на некои од нашите членови во семејство. Ќе се погрижиме секој да си купи куќа за себе“, вели Стив.

„Важно ни е нашите деца да останат прибрани, да останат на земја. Да не им удрат парите од глава. Тие и досега беа скромни и не бараа премногу. Најмладата ќерка не замоли да и купиме ајфон, додека десетгодишниот син сакаше да му купиме автомобил „Тесла“. Се разбира дека нема да му купиме затоа што е премлад“, вели Стив.

Сопругата на Стив Ленка, која по потекло од Словенија вели дека сега ќе и биде полесно да ги посети роднините во рондата земја.

„Не само што ќе можеме да ги посетиме нашите роднини и пријатели во Словенија, туку ќе можеме сега и почесто да одиме на одмор. Можеби на некоја плажа каде е потопло“, изјавила Ленка, која во Британија дошла за време на нејзините студентски денови, а со Стив се заедно веќе 17 години.

Scroll to Top