(Видео) Британка одлетала на викенд во Тонга, па останала заглавена на островот 18 месеци поради пандемијата

Британката Зои Стивенс (27) лани во март заминала на викенд во островската држава Тонга во Јужниот Пацифик, но поради пандемијата, останала заглавена во земјата една и пол година. Таа живеела во Кина две и пол години, пред да реши да патува низ Азија и Фиџи.

Бидејќи не сакајќи да зборува за вирусот, кој доминирал во вестите каде и да одела, таа резервирала лет за Тонга, полинезиска држава која има нас 170 острови во Јужниот Пацифик. Таа сѐ уште живее таму, оти островот е едно од ретките места во светот што е целосно без вирусот.

„Јас сум веројатно една од ретките луѓе во светот кои никогаш не морале да носат маска. Не носев маска за време на целата оваа пандемија. Мислам дека би било прилично чудно да одам во свет каде што многу луѓе ја носат“, вели Стивенс.

Taa во Тонга почнала да ја пишува магистерската работа на тема меѓународни комуникации преку интернет и во моментов живее во куќа на плажа, бидејќи семејството што ја поседува куќата не може да се врати на островот поради ограничувањата за патување.

Стивенс сепак не се чувствувала среќна на островот и искуството таму не било воопшто забавно како што можеби изгледа.

„Нема многу луѓе кои би можеле да уживаат ако заглават на остров без пријатели или семејство, во земја каде што не завршиле намерно. Или сте затворени во земја во која не живеете, а потоа веќе не можете да излезете од таму или имате страв да се вратите во својата земја поради чуден вирус што се шири. Доста изолирано“, рече Стивенс за „Си-ен-ен травел“.

Стивенс рекла дека не била подготвена кога првпат слушнала за коронавирусот на почетокот на 2020 година. Кога ја посетила Јужна Кореја, во Кина јавиле дека бројот на случаи со корона почнал да се зголемува. Како што ситуацијата станала посериозна и почнало затворањето на границите, Стивенс одлучила да го продолжи своето патување за да избегне карантин при враќањето во Кина.

По слетувањето во Тонга земјата била ставена во карантин, а таа не можела да замине.

„Помина една недела пред летовите целосно да престанат. Имавме тринеделно затворање, што беше навистина многу интензивно. Можеше да го напуштиш својот дом само еднаш неделно за да одиш да набавиш намирници .Сѐ во целата земја беше затворено. Продавници, ресторани, сѐ, освен една или две продавници“, тврди таа.

Тонга прогласи вонредна состојба во март 2020 година, и оттогаш земјата е затворена за странски државјани. Во текот на тие неколку месеци Стивенс си рекла дека ќе може да се врати во Кина и само ќе треба да чека мирно додека не се отворат границите. Таа дури и го пропуштила летот да се врати од Тонга во Европа, бидејќи била убедена дека ќе се врати во Кина.

Меѓутоа, како што поминувало времето, сфатила дека нејзиниот престој ќе биде многу подолг отколку што некогаш можела да очекува.

„Поминав околу шест месеци во оваа чудна неизвесност“, вели таа. „Тоа беше веројатно најтешката работа за мене. Потоа некако се смирив”.

Откако се обидела и не успеала да се врати во Кина со месеци и месеци, Стивенс прифатила дека нема да може да се врати таму во догледна иднина.

„Морав да се откажам“, признава таа. „Знам дека Кина нема да се отвори долго“.

Стивенс признава дека искуството да се гледа нејзиното семејство и пријатели од далеку е неверојатно тешко, бидејќи се соочила со реалноста на вирусот.

„Навикната сум да отсуствувам од Велика Британија, но чувствувам дека ова е двојно изолирано“, рече таа.

„Јас сум некако зафатена“, вели таа. „Се забавувам со пријателите кои одат во еден од трите барови или јадат во еден од ретките ресторани, нешто такво, а потоа доаѓаат дома. Навистина, навистина е здодевно“, вели Зои, која слободното време го минува во веслање и нуркање, а ги објавува своите искуства на Инстаграм и Јутјуб.

Scroll to Top