(Видео) Британски пензионер по 20 години ќе има друштво за Божиќ

Новинарската екипа на „Би-Би-Си“, го изненади британскиот пензионер Теренс (78) кој последните 20 години бил сам за Божиќ. Тој им објаснил дека ова ќе биде првпат во изминатите две децении да има друштво за Божиќ.

Теренс објаснил дека празничниот ден ќе го мине со добра пријателка 90 годишната Ненси, која пати од деменција, а која ја запознал благодарение на неговата добротворна работа за Age UK.

На новинарите им рекол дека се радува што ќе има можност да го мине Божиќ со Ненси, објаснувајќи им дека од работата со Age UK добил искуство за да работи со лица со деменција.

Тој им се пожалил дека нема елка, па новинарите на „Би-Би-Си“, одлучиле да му подарат една за божиќните празници. Телевизискиот водител со помош на студентите од Олдам колеџот му ја подарил украсената елка и уште многу други подароци.

Покрај елката, на Теренс му ја исполниле и музичката желба. Хорот од колецот му ја испеале божиќната песна „Тивка ноќ“.

Според организацијата Age UK, оваа година се очекуваат повеќе од 200.000 стари лица во Велика Британија, да го минат Боќиќ сами. Истражувањето покажало дека повеќе од три четвртини луѓе, постари од 65 години, кои изгубиле некој кого го сакаат, за прв пат ќе го минат Божиќ сами, а 170.000 стари лица ќе се соочат со првиот Божиќ без своите сопружници.

Scroll to Top