Британскиот телевизиски водител Филип Скофилд (57) ја изненади јавноста кога во емисија во живо откри дека е геј, иако последните 27 години е во брак со Стефани Хант. Филип, кој е водител на најпопуларната британска емисија This Morning веќе 18 години, е еден од омилените британски водители.
„Со поддршка на моето семејство и големата сила што ми ја дадоа, го сфатив и прифатив фактот дека сум геј и решив да го споделам со вас“, рекол водителот во интервјуто.
Скофилд призна дека е геј пред годишнината од бракот. Тој ја запознал својата сопруга во 80-тите години, додека двајцата работеле во Би-би-си. Од бракот добиле две ќерки, Моли (27) и Руби (24).
За неговиот настап во јавноста, британскиот презентер доби поддршка од колегите и јавноста, но и од неговата долгогодишна ТВ-партнерка Холи Вилоги (38).
Тој рекол дека сите околу него биле свесни дека ќе дојде моментот кога тој отворено ќе го каже тоа.
„Тешко е затоа што тоа не се случи преку ноќ, се борев со тоа во главата извесно време. Јас и Стефани сега бевме навистина искрени еден кон друг. Таа е извонредна, никој не ме поддржуваше толку многу во животот. Фактот што сум геј ми го презеде умот и секојпат кога седев до некој што имаше иста сексуалност, но веќе го признал тоа на сите, мислев дека е храбар и морав да го сторам тоа што е можно побрзо. Сè што можете да бидете во животот е да бидете искрени кон себе, а јас знаев дека не сум. Не си се допаѓав самиот себеси“, рекол Скофилд.