Седумнаесет годишната Дарнела, е тинејџерката која го снимила убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Таа изјавила дека не можела да претпостави дека нејзината снимка ќе се рашири низ целиот свет и ќе покрене лавина на протести.
За потсетување, полицаецот Дерек Шовек, за време на апсењето на Флојд, со коленото го држеше на вратот цели девет минути и така го угуши.
Дарнела вели дека никогаш нема да го заборави тој ден. Била во прошетка со нејзината деветгодишна внука, кога застанала пред една продавница за брза храна во Минеаполис. Тогаш видела како четворица полицајци го извлекуваат од автомобилот Фројд.
„Немала претстава дека ќе биде сведок и ќе документира еден важен настан во американската историја. Полициско убиство. Да не беше нејзината храброст, присебност и волја, видеото да го објави на „Фејсбук“, сите четворица полицајци и понатаму ќе беа на улица и веројатно ќе тероризираа други членови од нашата заедница“, изјавил нејзиниот правен претставник Сет Кобин.
Кобин наведува дека таа не сакала да биде херој и дека станува збор само за тинејџерка, ученичка која ја направила вистинската работа.
„Таа е Роза Паркс на својата генерација“, изјавил Кобин.
Дарнела откако е објавена снимката, само еднаш говорела во јавност. Тогаш изјавила дека светот мора да го види тоа што таа не го видела и дека таквите работи се случуваат премногу пати.
Light and Love babygirl! Whoever she is with I hope you make her feel our love. #DarnellaFrazier #DarnellaFrazierIsAHero pic.twitter.com/17T7oVywbQ
— KayPea (@CapitalKayPea) June 4, 2020