По теркот на светските брендови кои снимаат празнични реклами, годинава и пицеријата „Костарика“ направи интересно новогодишно видео. Сè почна со писмото до Дедо Мраз за здравје, затоа што „некој таму изел лилјак па ја донесе короната“, многу љубов што ни треба по сите пропуштени прегратки и среќа за да ја поделиме со блиските, па е прикажана на интересен начин.
„Дедо Мраз, улицата е раскопана, а оџакот е запушен, па ѕвони два пати на врата. И не го заборавај поклонот за малиот“, стои во празничното писмо.
Гледајте го видеото.