(Видео) Дедо Мраз почина на сред претстава во градинка

Дедо Мраз кој енергично танцуваше и трчаше на бина, со деца во градинка во Русија, на сред претстава се струполи на земјата и почина.

Децата се смееја и трчаа кон него, мислејќи дека станува збор за дел од претставата. Актерот Валери Титенко, кој го играл Дедо Мраз, претрпел фатален срцев удар.

Друга жена која исто така била дел од претставата, облечена како кловн, позади елката забрзала за да му помогне на 67-годишниот човек.

Воспитувачите од градинката ги повлекле децата од бината, а човекот итно бил пренесен во болница во Кемерево, но починал по пат, соопштиле лекарите.

Scroll to Top