(Видео) Дедомразовци сурфаа на Флорида за хуманитарни цели

Околку 600 сурфери облечени како Дедо Мраз сурфаа на крајбрежјето на Флорида, со цел да соберат пари за да им помогнат на луѓето заболени од рак. Сурферите пред десетилјадитната публика, собираа пари за Сурферскиот музеј во Флорида, непрофитна организација која им помага на луѓето заболени од тешката болест.

Овој настан се одбележува веќе десетта година по ред, а сурферите досега успеаа да соберат преку 40.000 долари.

Scroll to Top