(Видео) Деветгодишно дете сака да умре оти било малтретирано на училиште

Австралијанката Јарака Бејлс објави видео од нејзиниот син Квејден кој панично плаче и повторува дека сака да се убие, затоа што во училиште бил малтретиран од соучениците затоа што е со џуџест раст.

„Штотуку го земав син ми од училиште, бев сведок на силеџиство кое беше извршено врз него. Го информирав директорот и сакам луѓето да знаат, сите родители, воспитувачи, наставници, каков е ефектот кои децата го имаат од малтретирањето во школите“, рекла Бејлс во видеото кое се рашири на социјалните мрежи.

Квејден во видеото вели дека сака да умре или бара некој да го убие.

„Сакам да умрам, сакам некој веднаш да ме убие. Јас само сакам да одам на училиште и да се забавувам. Што им згрешив, имам само 9 години“, вели Кејден кој веќе еднаш пробал да се самоубие кога имал 6 години.

Видеото станало вирално, и било видено повеќе од 5 милиони пати. Квејден дури бил поканет, во знак на поддршка, да го предводи домашниот тим на Националната рагби лига овој викенд.

И актерот Хју Џекман испрати видео-порака до тажното момче и му порача дека во него секогаш може да гледа пријател. Започната е и акција за собирање на средства со кои Квејден и мајка му ќе отпатуваат во Дизниленд.

Иако на почетокот беше планирано да се соберат 10.000 долари, сторијата допре до голем број луѓе, па  веќе има собрано над 180.000 долари.

 

Scroll to Top