(Видео) Девојчето на кое лекарите му рекоа нема да прооди ги направи првите чекори

Пред три години Моли Винкот ја родила  својата ќерка Миа. Малта Миа е родена со две дупки во срцето, поради што долго време била на интензивна нега како бебе,  а исто така боледува од реткиот синдром Јоуберт, генетско нарушување во мозокот зпоради кое никогаш нема да може да оди или да зборува.

Барем така верувале лекарите, кои ја предупредувале 22-годишната мајка за тоие состојби, но малечката Миа ги направила првите чекори.
Нејзината мајка го снимила овој значаен момент и го споделила на социјалните мрежи

Малата Миа прооде во кујната со помош на нејзината розева одалка.
„Моето срце пука од радост“, напишала Моли, откривајќи му на рекламата „Andover Advertiser“ дека долго време ја имала одалката, но не обрнувала внимание на тоа сè додека не била обоена во нејзината омилена боја.

„Кога и покажав дека одалката е розова, таа беше пресреќна и направи неколку чекори“, рекла мајката.
Иако целото семејство помина многу нешта, ова е моментот што ја разбудил нивната надеж и им донела солзи на радост на нивните лица.

 

 

Scroll to Top