(Видео) Девојка замрзнала на планина, на себе носела само бикини

Триесет и шестгодишната Гиги Ву, девојката која била позната под името „бикини планинарка“, загинала додека се обидувала да се искачи на планината Јушан во Тајван.

Девојката од Тајван станала славна на интернет искачувајќи се по планините во бикини, а за целото тоа време, таа испраќала фотографии на социјалните мрежи. На последната експедиција, која се случила пред нешто повеќе од недела дена, нејзина пријателка вели дека Ву и се јавила да ѝ каже дека паднала и дека не може да се движи.

Спасувачките екипи ја пронашле 28 часа подоцна, но Ву не давала никакви знаци на живот. Причина за смртта била замрзнување. Командирот на спасувачките служби Лин Ченг изјавил дека Ву била пронајдена на речиси 2000 метри надморска височина, а дека температурите таа ноќ паднале на два степена.

Ву во 2018 година, дури 127 дена минала планирајќи низ високите планини во Тајван. Во декемвр таа паднала и се повредила, но раните во тој момент не биле сериозни.

Scroll to Top