Вчеравечер на Фејсбук-страницата „Ултрас-тифо.нет“ се појави фотографија од Скопје, на која се гледа како се игра фудбал среде полициски час.
Теренот, според пишувањето на страницата, се наоѓа во населбата Чаир, и во оваа скопска населба дел не ги почитуваат мерките донесени од Владата.
Тука и пред еден месец се играше фудбал, и пак во време на полициски час.