(Видео) Галаксија од велигденски јајца: Испирација од вселената

Велигденските јајца во вид на галаксија се прават многу едноставно и се одлична декорација за претстојните празници. За да направите велигденски јајца како галаксија потребно ви е:

Варени јајца
Темперни бои: црна, бела, сина, виолетова, златна
Сунгерчиња
Повеќе четки (може за шминкање, четки за заби и слично)

Сварените јајца цели обојте ги црни. Оставете ја бојата целосно да се исуши пред да ги претворите во галаксија. Најпрво со сунгер натапкајте од сината и виолетовата боја, за да ја покријат црната во најголемиот дел. Кога ќе нанесете една боја, почекајте да се исуши пред да ја ставите следната. На крај, испрскајте ги јајцата со четка со бела и златна боја за да се направат точки. Гледајте го видеото.

Scroll to Top