Елон Маск неодамна на „Твитер“ ги замолча сите поборници на теоријата дека планетата Земја е рамна. Целата расправа започна уште во ноември, а неговиот одговор го чекавме досега.
Hi Elon, thanks for the question. Unlike the Earth, Mars has been observed to be round.
We hope you have a fantastic day!
— Flat Earth Society (@FlatEarthOrg) 28 November 2017
Дискусијата тука запрела, но два месеца подоцна, Маск во вселената испрати примерoк од електричниот автомобил „тесла родстер“.
По успешното лансирање, Илон Маск на својот профил објави поглед од автомобилот во вселената, а на снимката јасно се гледа дека нашата планета има кружна форма, токму како и Марс.
Интернетот, секако, ја забележа поврзаноста.
View from SpaceX Launch Control. Apparently, there is a car in orbit around Earth. pic.twitter.com/QljN2VnL1O
— Elon Musk (@elonmusk) 6 February 2018
„Ова е големо разочарување за луѓето што од некоја причина веруваат дека Земјата е рамна”, напишал еден корисник на „Твитер“.
*all people who for some reason believe the Earth is flat in utter disappointment* https://t.co/GTGAoCK2D5
— Dylan (@DylanPal5) 6 February 2018
Look at that flat earth https://t.co/oQgTFmdTim
— Darin @ ESPN Esports (@darinjk2) 6 February 2018
Lol nice try. We all know the Earth is flat buddy https://t.co/SFmcmR0NGc
— PartyAcrossTheStreet (@fullcoarsemeel) 6 February 2018
„Видете ја таа рамна Земја“, коментирал друг, а трет се пошегувал: „Ха, ха, добар обид. Сите знаеме дека Земјата е рамна, пријателе“.
Набргу се огласила и организацијата Flat Earth со свој одговор:„Луѓето што веруваат дека Земјата е кружна бидејќи виделе автомобил во вселената на интернет се, најверојатно, нова верзија на луѓето шо сметаат дека нешто е вистинито само затоа што било на телевизија. Тоа е слаб аргумент. Зошто која и да било приватна компанија би сакала да ја објави вистината?“, се прашуваат тие.
People who believe that the Earth is a globe because “they saw a car in space on the Internet” must be the new incarnation of “It’s true, I saw it on TV!” It’s a poor argument.
Why would we believe any privately-held company to report the truth?
— Flat Earth Society (@FlatEarthOrg) 7 February 2018