(Видео) Глувите им помагаат на слепите да го проследат Мундијалот

  • Луѓето кои за жал од разни причини останале слепи или глуви, нималку не им е лесно да се снајдат во секојдневниот живот и да уживаат со останатите во малите ситни работи.

На пример следењето на мечевите за нив речиси станува невозможно, но сепак добри луѓе успеале да пронајдат решение за овој проблем.

Во Бразил е организирано гледање на мечеви за слепи, каде тие можат да следат што се случува на теренот со помош на своите помошници.

Тие пред себе држеле табла во облик на фудбалски трен, а нивните глуви помошници со рацете ги наведувале преку теренот во зависност како играчите се поместувале.

Така можеле барем за момент и самите да ги искусат возбудувањата кои ги дрма целиот свет од почетокот на Светското првенство во фудбал.

Благодарение на оваа акција, слепите луѓе од Бразил имале можност да се радуваат на победата на својот тим и неговиот понатамошен пласман во натпреварувањето.

 

 

Scroll to Top