Жителите од градот Санта Рита во сојузната држава Чиапас во Мексико, го врзале градоначалникот Хорхе Луис Ескандо Хернандез за камион и го влечеле низ градските улици. Тие биле незадоволни од неговата работа и неисполнетото ветување дека за време на мандатот ќе го поправи главниот пат.
Гневните граѓани насилно го извлекле Луис од неговата канцеларија, му ги врзале рацете и потоа со камион почнале да го влечат низ улиците на Санта Рита. Десетмина полицајци се обиделе да се вмешаат и да го извлечат Луис, но во пресметката со толпата, настрадале неколкумина од нив.
Светските медиуми пренесуваат дека градоначалникот Луис не добил посериозни повреди. Ова е втор ваков напад на градоначалник во ова место. Локалните жители велат дека се лутат затоа што не се исполнети предизборните ветувања дека ќе им биде поправен главниот пат. По нападот биле уапсени 11 лица, а Луис најави тужба за киднапирање и обид за убиство.
#Enterate Circula en redes video en el que pobladores del ejido Santa Rita en el municipio de #LasMargaritas, #Chiapas, suben en una camioneta al alcalde Jorge Luis Escandón Hernández. Los motivos es porque no ha cumplido lo prometido en campaña. pic.twitter.com/Yywx2exGAC
— Tabasco Al Minuto (@Tabalminutomx) October 8, 2019