(Видео) Горат бараките во Судот за прекршоци во Градски парк

Во Градски парк горат бараките каде е сместен Судот за прекршоци. Објект е во непосредна близина на „Томче Софка“ во скопско Дебар Маало. Противожарната екипа е на терен и веќе го гаси пожарот со четири протипожарни возила.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека се работи за поголем пожар и оти на терен ќе бидат испратени дополнителни возила.

Причината за пожарот сè уште не е позната, како ни дали има повредени. Пожарот е пријавен околу 16 часот.

Scroll to Top