Нуркачите од еколошкиот нуркачки клуб „Тимун“ од Градац во близина на Макарска, со помош на колеги од мостарскиот клуб „Сеух“, развеаја хрватско знаме од 200 квадратни метри под морето, со што го соборија Гинисовиот рекорд во категоријата најголемо знаме некогаш развиорено под морската површина.
Хрватскиот портал „24 сата“ соопшти дека целиот настан се одвивал под будното око на пожарникарите.
Се наведува дека сè било направено во согласност со строгите услови на Гинис, од кој првиот бил мерење на површината која знамето ја прекрива на рамна површина, а за време на мерењето, знамето не смеело да се растегнува.