(Видео) Индиец ја врзал жена си за дрво и ја тепал пред толпа мажи

Маж во Индија ја обвинил сопругата дека го изневерила, па крвнички ја претепал како казна, пишува „Дејли мејл“. Жената се онесвестила пред толпата мажи кои се обиделе да ја силуваат.

На снимката која се појави на Интернет се гледа дека таа е преплашенаи врзана со рацете за дрво. Таа вреска од болка додека мажот ја удира. Групата мажи и деца стојат во круг околу неа и го гледаат мачењето. Таа во еден момент паднала во несвест од ударите.

Според индиските медиуми, мажите потоа се обиделе да ја силуваат. Кога жената се освестила, ја предупредиле да не ѝ кажува ништо на полицијата, па се разбегале. Мажот решил да ја казни откако неофицијалниот локален суд ја прогласил за виновна, бидејќи според полицијата таа побегнала со својот љубовник. Мажот пред неколку дена  испратил луѓе по неа, да ја убедат да се врати дома. Тие ѝ рекле дека тој ѝ простува, а кога таа се вратила, „суд“ сочинет од постарите жители на селото одредил казната дека мажот мора 100 пати да ја удри со ремен.

Несреќната жена поднела тужба против својот маж. Полицискиот инспектор Алтаф Ансари изјавил дека случајот нејзиниот маж, поранешниот шеф на селото и неговиот син се уапсени. Жената, пак, била испратена во болница.

Scroll to Top