(Видео) Италијанец истрча 40 километри на минус 52 степени

Италијански љубител на екстремни спортови, ПАоло Вентурини, истрчал речиси 40 километри на температура од минус 52 Целзиусови степени во подрачје во руската Република Јакутија, соопшти локалното одделение за надворешни односи.

Од прес-службата на одделнието е соопштено дека Вентурини трчал три часа, 54 минути и десет секунди и во тој период поминал 3912 километри од Томтор до Ојмјакон.

Маратонецот го следела екипа во која бил лекар, преведувач и камерман, кој снимал документарец за патувањето на Италијанецот во Русија, објави ТАС С.

Вентурини, кој работи како полицаец во италијанскиот град Падова, минатата година истрча 75 километри во ираксната пустина каде температурата достигнала 67 степени.

Италијанецот има голем број обожаватели, како од Италија така и од други земји, кои ја следат неговата работа, а

Вентурини на социјалните мрежи објавува фотографии и видео-снимки од своите тренинзи.

 

Scroll to Top