За љубителите на хорор филмови излезе трејлерот за новиот филм на Стивен Кинг.
“Pet Sematarу” е римејк на култниот филм од 1989 година, снимен според истоимениот роман на Стивен Кинг, кој многумина го нарекуваат негово најдобро дело.
Во филмот кој започнува со преселба на среќно семејство на еден идиличен имот на село, набрзо почнуваат да се случуваат чудни работи. Имено, зад куќата во која семејството се доселило се наоѓаат гробишта за домашни миленици.
Римејкот на хоророт пристигнува во април 2019 година, а засега ќе мора да се задоволите со трејлерот за едно од најпознатите дела на Кинг.