(Видео) Изнервиран Папата Франциск удри жена по рацете

 

Папата бил толку изнервиран од една упорна верничка па дури ја удрил по раката. Тој ја удрил верничката по рацете поради тоа што таа грубо го фатила за неговата рака и не го пуштала

Инцидентот се случил вчера на Плоштадот Свети Петар во Ватикан, додека Папата се позрдавувал со децата и верниците. Откако погалил едно од децата, жена од групата верници го фатила за раце и не сакала да го пушти, поради што Франциск реагирал нервозно и ја удрил верничката по раката.

Овој потег на поглаварот на Римокатоличката црква предизвика бура во јавноста. Ден по инцидентот Папата Франциск изјавил, дека „го загубил трпението“.

Scroll to Top