(Видео) Кинез направил специјална носилка за неговото бебе во време на коронавирус

Чао Јунџи, татко на двемесечно бебе во Шангај, направил носилка за бебе опремена со систем за прочистување на воздухот за да го сочува своето дете од инфекцијата на коронавирус.

Триесетгодишниот Чао го преуредил транспортерот за мачки за да направи носилка која се затвора и има монитор за квалитетот на воздухот, кој ја покажува концентрацијата на јаглен диоксид во внатрешноста.

„Поради епидемијата поминав месец дена правејќи ја оваа носилка за своето дете. Носилката е безбедна и е удобна за бебето“, вели Чао за „Ројтерс“.

Неговата сопруга Фанг Лули вели дека во почетокот не била сигурана дали на бебето ќе му биде удобро во таков кревет.

„Мислам дека носилката која ја направи е прилично безбедна. Ја пробавме веќе неколку пати и чувствувам олеснување“, изјавила Фанг.

Вирусот Ковид-19 кој на крајот на минатата година се појави во Кина зарази преку 420.000 луѓе ширум светот, а повеќе од 18.000 луѓе починаа.

Scroll to Top