(Видео) Компанијата на Apple од 2025 година ќе почне со производство на електрични автомобили

Од компанијата на Apple најавија дека од 2025 година ќе почнат со производство на електрични автомобили. Инженерите работата ја почнаа уште од 2014 година преку истражувачката програма project Titan, но во меѓувреме прекинаа

Тие се откажаа од работата на својот автомобил и рекоа дека сакаа да се посветат на развојот на софтверот за автономно возење. Минатиот месец од Apple рекоа деа нема да се откажаат од првичните амбиции.

Се појави информација дека ИТ-гигантот преговара и со тајвантскиот производител на полуспроводници TMSC. Желбата за соработка е мотивирана од технолошките решенија на Тајванците неопходни во производството на чип што овозможува автономно возење.

Тамошните медиуми објавија дека двете компании се блиску до договор за соработка и дека Apple сепак ќе произведува автономни возила. Снимката што деновиве се појави на интернет покажува дека првиот Apple-автомобил потсетува на оној на „Тесла“, Cybertruck. 

Во Америка наголемо се зборува за автомобилите на Apple, кои се движат на улиците на Калифорнија за тестирања. На официјалната страница на компанијата Vanaram, која се занимава со лизинг на автомобили, објавена е 3Д-снимка од електричен автомобил, кој би требало да го понесе логото на Apple. Станува збор за елегантен бел SUV-u, а препознатливото јаболко ги краси решетките и тркалата.

Електричниот автомобил на снимката со својот дизајн многу потсетува на оној на „Тесла“, Cybertruck. Острите краеви, едноставната надворешност, хаубата, фаровите, својствени за возилата, го прават Cybertruck препознатлив во светот на електричните автомобили.

Фановите на компанијата веруваат дека Apple со елегантни решенија на екстериерот ќе ја избегне сличноста со конкурентите и ќе ги освои срцата на љубителите на електрични автомобили, кои не ги сакаат милениците на Маск во својата гаража.

Scroll to Top