(Видео) Ледени пештери на Исланд

Околу 10 отсто од вкупната површина на Исланд е прекриена со мраз, а островот има околу 300 глечери. Скриени под нив се наоѓаат спектакуларни ледени пештери. Најпозната од нив е Кристлната ледена пештера, што се наоѓа под Ватнајекидла, најголемиот исландски и еден од најголемите европски глечери. Откриена е во 2007 година од страна на фотографот Ејнар Сигурдсон.

Нејзината внатрешност е целосно сина, поради недостатокот на воздух во мразот. Во неа може да се видат и трагови од петел од вулканските ерупции. Сезоната за посета на овие пештери трае од ноември до март. Не е препорачливо да се шета без водич, кој може да процени дали пештерите во тој момент се безбедни за посета.

Бидејќи глечерите постојано се движат, нови пештери се појавуваат нон стоп, додека старите исчезнуваат.

Scroll to Top