(Видео) Лекари оживеаја премрзната жена чие срце не чукало шест и пол часа

By

Лекари ја оживеаја Одре Мап од Барселона, откако срцето не ѝ чукало скоро шест и пол часа, а телесната температура и спаднала на 20.2 степени. Весникот „Ла Вангуардиа“, пишува дека жената излегла на прошетка со својот сопруг, но не можеле да се вратат дома поради силниот снег. Нејзиното тело смрзнало од студот. 34-годишната жена, по три часа била одведена во болница. Иако се претпоставувало дека е мртва, бидејќи срцето не ѝ чукало повеќе од шест часа и била премрзната, таа сепак се спасила по интервенција на двајца врвни лекари. По 11 дена таа е пуштена од болница без некои посериозни проблеми.

Инаку, Одре е наставничка по англиски јазик, и заедно со сопругот од 2007 живеат во Барселона. Вели дека не помни што се случило и е благодарна на лекарите кои ја вратиле во живот.

Ќе ви се допадне