Скопје вечерва ја слави големата победа на ракометарите на Вардар и освоената европска титула.
На Плоштадот ,,Македонија” каде на видео-бим се следеше натпреварот од ракометното финале во Келн, Германија, владее вистинска еуфорија.
Колони граѓани ги наполнија улиците. Македонија вечерва слави. Вардар по победата над Веспрен од 27:24 стана европски ракометен шампион.