(Видео) Лука Модриќ се најде во документарец како чува кози

Поранешниот хрватски музичар Павле Беленовиќ успеал да го сними најдобриот фудбалер на светот за 2018 година, Лука Модриќ како чува кози во неговите тинејџерски години. Подоцна од овие снимки Би-Би-Си направил и документарец.

На почетокот ова видео им било понудено на Хрватската телевизија, но тие го одбиле. Откако авторските права ги откупил Би-Би-Си, а од него и 44 телевизиски куќи ширум светот, раководството во ХРТ се одлучиле да ја променат одлуката.

На видеото Модриќ за време на своите тинејџерски години ги чува овците од дивите животни. Видеото е снимено на падините на Велебит каде Беленовиќ го истражувал животинскиот свет.

На Беленовиќ во тоа време друштво му правел и мал волк кој го добил од еден селанец. Сваќајки дека волкот нема да може да преживее во Загреб, Беленовиќ го пуштил малото животно на слобода.

Капитенот на хрватската репрезентација, Модриќ уште на петгодишна возраст немал страв од волците и полека го водел своето стадо кон родна куќа. Тој детал може да се види на видеото на 2:30 минута.

Scroll to Top