(Видео) Мајката удира тригодишната ќерка оти не му позира добро на фотографот 

На Интернет кружи видео кое покажува како мајка со нога ја удира својата тригодишна ќерка, бидејќи нему позирала добро на фотографот.

Девојчето работело како модел, а откако нејзината мајка не била задоволна од позирањето пред фотоапаратот, таа со нога ја клоцна ќерка си.

Видеото е снимено во кинескиот град Хангжу, каде што девојчето по име Ниу Ниу, наводно, тој ден работело 10 часа.Мајката јавно се извини за нејзината постапка, но не е познато дали ќе реагира и социјалната служба.

Scroll to Top