(Видео) Македонската и германската химна во рок изведба

Амбасадата на Германија го прослави Денот на обединувањето со прием на кој гостите ги дочека невообичаена изведба на македонската и на германската химна во рок верзија. Куќата на уметноста „Карев“, центарот за креативно живеење „Парк“ и Ромската рок школа приредија возбудлива музичка презентација на химните која беше дочекана со долг аплауз и со извикувања браво.

„ Единство на нов начин“, беше пораката од амбасадата околу идејата за овој настап.

 

Scroll to Top