(Видео) Манекенката која тврдеше дека Нејмар ја силувал е обвинета за измама

Бразилската манекенка Нажила Триндаде е обвинета дека ја лажеле полицијата кога го пријавила Нејмар за силување. Таа и нејзиниот поранешен сопруг Естивенс Алвес се обиделе да го уценат фудбалерот на ПСЖ, и да му изнудат пари, пренесуваат британските медиуми.

Претходно Нажила го обвини Бразилецот дека ја силувал. Сега манекенката се соочува со низа обвиненија за  откривање на видео снимката со еротска содржина со фудбалерот.

Таа на полицијата во Сао Паоло им кажала дека инцидентот се случил во мај, во хотел во Париз.

Нејмар ги негираше ваквите тврдења и изјавил дека нивниот однос бил однапред договорен. Случајот бил отфрлен на крајот на јули, а полицијата навела дека Триндаде немала доволно докази за да се подигне обвинение против 27-годишниот фудбалер.

Обвинителството во Сао Паоло навело дека Триндаде не претставила ниту еден доказ, за кои тврдела дека ги има. Освен повредата на нејзиниот прст, од медицинската документација не укажувало на ништо дека Нејмар ја силувал.

Scroll to Top