(Видео) „Манескин“ сними песна за поддршка на Украина и ги повика светските лидери да ја запрат војната

By

Италијанската рок-група Манескин, која лани победи на Евровизија, објави извадок од нивната нова песна со која му даваат поддршка на народот во Украина. Во текстот тие им се обраќаат на Русите: „Како спиете навечер со сите овие животи на вашите раце? Стоите сами на ридот, го користите горивото да убивате…“ пеат во песната.

dobivaj vesti na viber

Песната е дел од иницијативата Global Citizen Stand Up for Ukraine, со која се бара прекин на војната меѓу Русија и Украина. Бендот од Рим објави едноминутно видео на својот Инстаграм со порака за поддршка на кампањата во која се повикуваат „владите, институциите, корпорациите и поединците да донираат пари за хуманитарните напори за Украина и бегалците ширум светот, како што се Јемен, Јужен Судан и Авганистан“.

„На бегалците во Украина и ширум светот им е потребна итна хуманитарна помош. Ние го користиме нашиот глас за да бараме да се преземе акција. Можете и вие, да ја запреме војната“, стои во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

Ќе ви се допадне