(Видео) Масажа со змии

Најнов тренд во светот е масажа со змии. Откако ќе легнете на креветот масерката става три до четири змии врз вас. Овој третман се практикува во велнес центарот во Вели Котагеу, Њујорк. Новинарка од магазинот „Инсајдер“ го пробала овој третман и открила дека таквата масажа е традиционална во Индонезија и Израел. Таа додала дека не се плаши од змии, но дека пред третманот била малку нервозна.

Масерката Серпентеса ваква услуга нуди веќе 15 години и таа е најверојатно единствената во Њујорк што го прави тоа.

„Змиите не се отровни, а масажата опушта“, рекла масерката. Таа додала дека заради стравот од змии кај повеќето луѓе, телото испушта окситоцин, т.е. хормонот за расположние, оти масажата ги стимулира нервите.

Scroll to Top