(Видео) Математичар пресметал дека целиот коронавирус што циркулира во светот го собира во една лименка „кока-кола“

Целиот коронавирус што моментално кружи низ светот би го собрало во една лименка кока-кола, од 330 милилитри. Ова е заклучокот на еден математичар, од кого било побарано да пресмета колкава количина од вирусот моментално кружи низ светот.

Математичарот Кит Јетс, од Универзитетот во Бат, открил дека постојат околу 2 квинтилиони (или две милијарди милијарди) САРС-КоВ-2 вирусни честички во светот. Неговата пресметка покажува колку малку вирус може да има толку големо влијание врз здравствената состојба на луѓето.

Во светот, бројот на заразени надмина 107 милиони, а над 2 милиона луѓе починаа.

„Неверојатно е тоа што целиот хаос, нарушувањето на секојдневието, тешкотиите и загубите на животи, во текот на минатата година може да се соберат во една лименка, што би го понудила најлошиот пијалак во историјата“, вели д-р Јетс.

Доаѓајќи до својот заклучок, д-р Јетс рече дека го користел дијаметарот на САРС-КоВ-2, во пресек околу 100 нанометри, и потоа го сфатил волуменот на сферичниот вирус.

„Земајќи ги во предвид шилестите протеини на коронавирусот и фактот дека помеѓу сферичните честички ќе се формираат празнини кога ќе бидат ставени заедно, вкупниот износ и понатаму е помал од еден газиран пијалак од 330 милилитри“, додава д-р Јетс.

Во ноември 2020 година австрискиот математичар Мат Паркер пресмета дека тогашното вкупно количество на
коронавирусот може да го собере во една кафена лажичка.

Scroll to Top