(Видео) Мексиканец бил градоначалник само два часа

Мексиканецот Алехандро Апарицио Сантијаго бил градоначалник на мексиканскиот град Тлаксиак само два часа. Апарицио бил застрелан и убиен веднаш по церемонијата на која тој положил заклетва.

Во него пукал непознат маж, а од куршумот кој му задал рана во градите, Апарацио починал само два часа подоцна во блиската болница. Лекарите биле немоќни да направат било што за да му го спасат животот.

Во пукотниците биле повредени уште четири лица. Гувернерот Алехандро Мурат го осудил нападот на новоизбраниот градоначалник и наредил целосна истрага. Подоцна соопштил дека е уапсен еден од осомничените за убиството на Апарицио.

Scroll to Top