(Видео) Метеор експлодираше над Хрватска

Денеска над Хрватска експлодираше метеор. Метеорот експлодирал при влез во земјината атмосфера. Зад себе остави трага од чад и парчиња распрскани ширум земјата. Глетката ги вознемири граѓаните, зошто според Дамир Хржина, претставник на загрепската опсерваторија „Ѕвездарница“, звукот и вибрациите од ударот во вид од експлозија се почувствувале во голем дел од земјата.

„Неколку луѓе ни се јавија дека го чуле ударот. Навистина, и мене ми се јави сопругата – го виде метеорот и токму при нашиот разговор, се слушна силен звук“, раскажал Хржина.

Тој ги контактирал колегите од Хрватската метеорска мрежа која ги проверува податоците и тие ќе почнат потрага по остатоците од вселенското тело.

Властите засега немаат никакви дојави за каква било штета или повредени поради експлозијата на метеорот.

Scroll to Top