(Видео) Мис Африка за малку ќе изгореше на сцената

На африканската убавица Доркас Касинда и се запали периката во моментот кога требаше да ја преземе круната после прогласувањето на победата.

Овој драматичен момент го одбележа финалето на натпреварувањето за Мис Африка.

На убавицата и честиташе ланската победничка Гасенгва Балопи од Боцвана кога жарче падна во нејзината перика и се запали. Следуваа ужасни крици, бидејќи делуваше дека девојката може да изгори. За среќа, Доркас помина без повреди.

„Добро сум. А мојата коса….И таа е добро. Сега се чувствувам добро. Ви благодарам“ – напишала таа на твитер.

Scroll to Top