Професионалниот модел и амбасадор за производи за нега на брада, Карлос Коста, во карантин ја избричи брадата, првпат по 10 години. Неговото лице првпат го виде и сопругата Џена, со која се запознал пред 7 години и која го знае како изгледа само со брада.
„Десет години не сум си го видел вистинското лице и тоа е променето. Сега имам 40 години, сум остарел и сакам да видам како изгледам без брада“, вели Карлос пред да се избричи.
Неговата сопруга, пак, не можела да поверува дека е истиот маж.
„Ова е чудно. Не можам да те гледам, не личиш на себе. Но, знаеш што е чудно? Сега можам да ти ги видам усните додека зборуваш. Никогаш не сум видела како ти се движат усните додека зборуваш“, му рекла Џена на Карлос.