(Видео) Модерни алхемичари јаглерод диоксидот од воздухот го претвораат во дијаманти

Отстранувњето на јаглерод диоксидот од атмосферата до неодамна беше решение за климатските промени. Тој процес е неисплатлив, мачен, но тоа нaскоро може да се промени. Идејата за собирање на CO2 од воздухот и искористувањето за изработка на вредни производи пред тој стакленички гас дополнително да ја загрее Земјата звучи како заводлив маркетинг, посебно ако се споменуваат предмети кои траат вечно. Ова алудира на производство на дијаманти.

Две компании моментално продаваат дијаманти направени во лабораторија од јаглерод диоксидот (CO2) собран од воздухот. Како што објаснува Рајан Ширман, основач и извршен директор во компанијата „Aether“ од Њујорк, секој карат дијаманти отстранува 20 тони CO2 од атмосферата. Тоа е повеќе гас отколку што може да создаде еден просечен човек во една година, додава тој.

За дијамантите да настанат по природен пат потребни се милијарди години, но Ширман појаснува дека осмислил процес кој чека на одобрение на патент со помош на кој дијамантите ќе можат да се произведат во лабораторија за само четири недели.

За разлика од другите дијаманти произведени во лабораторија, неговиот процес почнува со собирање на јаглерод диоксид од воздухот. Потоа гасот поминува низ хемиска реакција, каде што се изложува на висок притисок и екстремно високи температури. За производството се користи енергија од Сонцето, енергија од ветрот и хидраулична енергија.

Неговата компанија „Aether“ продава така произведени дијаманти од почетокот на 2021 година по цена од 7.000 долари за прстен и 40.000 долари за обетки. Но, „Aether“ има и конкуренција во британската компанија „Skydiamond“, која ја основаше претприемачот и активист за околината Дејв Винс, кој вели дека поминал пет години истражување како да произведе неутрални дијаманти, како што ги нарекува тој.

 

Scroll to Top