Американецот Д’Адриен Андерсон доби затворска казна од 30 дена затоа што објави видео како лиже сладолед во продавница, па го враќа назад во фрижидер. Снимката нарпавена лани, прво беше објавена на социјалните мрежи, а потоа ја презедоа и американските медиуми, по што Андерсон беше уапсен.
Освен што доби 30 дена затворска казна, тој доби и шестмесечна условна казна, 100 часа неплатена работа и 1000 долари парична казна. Ќе мора да ѝ плати и 1,565 долари на компанијата што го произведува сладоледот.
Андерсон и неговиот татко подоцна се вратиле во продавницата на вработените да им ја покажат сметката дека го купиле сладоледот, но и покрај тоа, компанијата што ги прави сладоледите, ги повлекла сите сладоледи од продавницата.