(Видео) Момче стана херој откако во ист ден го спасил другар му од гушење и извлекол баба од пожар

Девјон Џонсон од Оклоахома е награден со чин за херој, откако го спасил другар му од клас од гушење, а потоа во истиот ден успеал да извлече постара жена од пожар.

Од канцеларијата на шерифот и полицијата во неговото родно место Маскоги, го именуваа за почесен член. Од таму велат дека момчето успеало со Хајмилховиот маневар да го спаси својот другар од гушење, а истата вечер и помогнал на една жена да излезе од својот дом кој се запалил.

Девјон рече дека неговиот другар се обидел да отвори пластично шише со забите и дека кога влегол во училницата го видел како почнал да се гуши.

„Одма го применив Хајмилховиот маневар и му испадна капачето од уста“, рече Девјон, кој објасни дека тоа го научил од филмовите и гледајќи снимки на „Јутјуб“.

Подоцна истиот ден видел жена пред влезната врата на нејзината куќа која горела. Тој без размислување и помогнал да влезе во камионетот.

„Ја видов како бавно се движи, па побрзав да ѝ помогнам да влезе во колата“, рече Девјон.

Наставниците и школските другари велат дека тој е херој и дека од секогаш сакал да работи во Итната помош и да им помага на луѓето.

Scroll to Top