(Видео) Најголемата јагода на светот тежи 289 грама

Фармерот Хахи Ариел од Израел ја одгледал најтешката јагода на светот, потврди Гинисова книга на рекорди. Тој ја одгледал јагодата тешка 289 грама лани на семејната фарма во селото Кадима во близина на централниот израелски град Нетања.. Додека чекал рекордот да биде потврден, ја чувал замрзнувач.

„Со своите 289 грама, јагодата е пет пати потешка од нормалната големина на локалната сорта илан“, изјави Нир Даи од израелскиот институт Волкани, каде што сортата била развиена.

Таа е долга 18 сантиметри и има обем од 34 сантиметри.

Таа е за околу 40 грама потешка од некогашната најголема јагода, која беше одледувана во 2015 година во јапонскиот град Фукуока.

Scroll to Top