Најголемиот брод на светот, крузерот МS Brejmar без никакви потешкотии и проблеми мина низ тесниот Коринтски канал во Грција. Бродот е долг 196 метри и широк 22,5 метри и без никакви проблеми го мина каналот кој е широк 25 метри, пренесуваат грчките медиуми.
Бродот е дизајниран и изграден од норвешката компанија „Фред Олсен“, со седиште во Велика Британија. Кога крузерот го минувал каналот, на него имало околу 1200 патници. Дел од нив велат дека малку фалело капетанот да удри во ѕидовите, а некои од гостите велат дека успеале да допрат некои од блиските карпи.
Познатиот Коринтски Канал е еден од најтесните поморски канали во светот и го дели полуостровот Пелопонез од грчкото копно. Исто така овој канал ги поврзува Саронскиот со Коринтскиот Залив во Егејското Море.
Многу капетани на бродови велат дека оваа траса им го скратува патот преку морето од италијанските до атинските пристаништа.