Најстариот од осумте внуци на кралицата Елизабета, Питер Филипс, сними реклама за млеко, наменета за кинескиот пазар. Филипс (42) во рекламата позира со чаша млеко, додека во позадината се гледа куќа, која многу потсетува на дворецот Лонглет во Волтшир.
Рекламата на внукот на кралицата предизвика голем јавен интерес. Некои коментираат дека Питер го користи својот кралски статус за да се збогати, а други велат дека одвај чекаат да го пробаат кралското млеко.
Пред 12 години Питер се ожени со Канаѓанката Кели, а свадбените фотографии ги продадоа ексклузивно на еден светски портал. Тие се запознале во 2006 година на автомобилска трка во Монтреал. Кели не знаела дека Питер е член на кралското семејство, а тоа го открила дури кога го видела на телевизија на свеченост на британскиот двор.