(Видео) НАСА го објави првото селфи од Марс

Од Американската вселенска агенција НАСА го објавија првото селфи од Марс. НАСА објави фотографија што ја сними роверот „Истрајност“ со малиот хеликоптер „Креативност“. Роверот користел роботска рака за снимање на фотографијата, која е споена од 62 поединечни слики.

Покрај „Истрајност“, во прв план, „Креативност“ може да се види на оддалеченост од речиси четири метри. Хеликоптерот е тежок 1,8 килограм. Во следните денови тој треба да го изврши својот прв лет на Црвената планета.

Се очекува за време на првиот лет да достигне висина од три метри, а потоа да остане на едно место триесет секунди пред да се спушти назад на површината на Марс.

Тој лет ќе биде првиот контролиран лет што бил изведен на друга планета. Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии, а се очекува дека во период од еден месец тој да оствари уште неколку пробни летови.

На Марс тој стигна склопен во куќиштето на роверот „Истрајност“ на крајот на февруари по повеќе од 200 дена лето и 472 милиона километри.

Scroll to Top